Локалните медиуми велат дека е чудо што возачот и неговите сопатници не се повредени.
„Летаа парчиња стакло“
Камерата во кабината го „уловила“ моментот кога таблата излетала од камион на лентата што доаѓала, слетала на хаубата на автомобилот, а потоа ја пробила шофершајбната.
Инцидентот се случил на мостот што ги поврзува Бруклин и Стејтен Ајленд, јавува NBC New York.
Зад воланот бил Дејвид Денд, кој подоцна ги раскажал драматичните детали.
„Одеднаш шофершајбната се скрши, а парчиња стакло излетаа и завршија на нашата облека и на седиштата“, рече тој.
„Продолжив да возам“
Жителот на Бруклин патувал со своите родители и постарата сестра кога на патеката што доаѓала се појавил бел камион.
„Добро е што не закочив и не сменив лента, бидејќи ќе предизвикав сообраќајна несреќа. Продолжив да возам додека не најдовме безбедно место за застанување“, додаде тој.
Дејвид истакнува дека брзал со семејството на погреб, па не повикал полиција или брза помош.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата