logo
logo
logo

Полицаец му пришол на патник со торба- кога видел што има внатре, веднаш повикал засилување

Vecer | 19.03.2025

Полицаец му пришол на патник со торба- кога видел што има внатре, веднаш повикал засилување

Тие патувале со брод кога полицаец ги запрел и побарал да ја отворат торбата што ја носеле со себе. Тој немал поим каков ужас ќе открие, пренесува la Repubblica.

Здравјето во ризик

Чуварот забележал двомесечно бебе кое Мароканците тајно го донеле од својата татковина и, според властите, планирале да го продадат.

Долгото патување го загрозило здравјето на бебето, па веднаш било пренесено во болница и му била укажана помош. За време на понатамошната истрага, полицијата уапсила уште двајца нивни сонародници од Рим како соучесници.

Ниту еден од актерите не е биолошки родител на детето, а се претпоставува дека е родено во август 2024 година. Надлежните се сомневаат дека мајката му го предала на еден од уапсените, за тој илегално да го однесе во Италија и да го предаде на семејството.

Фатени на дело

Кој знае каде ќе завршело новороденчето доколку полицијата не добиела дојава и не ја посетиле адресата на која престојувале споменатите Марканци.

Според истражителите, детето би било заменето за пари, или би завршило во странство за да му се изгуби секаква трага.

Откако целосно ќе закрепне, новороденчето ќе биде сместено во згрижувачко семејство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk