Пожарникарите, кои пристигнале на местото на настанот, евакуирале 14 семејства од станбената зграда, а според првичната хипотеза, младиот човек сам го подметнал пожарот за да се самоубие, јавуваат италијанските медиуми.
Според првичната реконструкција, мажот го подметнал пожарот во куќата додека бил со семејството. Прво се полил со запалива течност, а потоа се забарикадирал во соба. Мајката веднаш се загрижила, повикала брза помош и на сите начини се обидела да го спаси синот од пожарот, но не успеала.
Таа самата се здобила со повреди во овој инцидент. Мајката на починатиот млад човек била пренесена во болница каде било констатирано дека има високо ниво на алкохол во крвта.
Пожарникарите се обиделе да го изгаснат пламенот на лице место и во меѓувреме ја евакуирале целата зграда. Вршителот на должноста градоначалник Пјетро Пичоки бил на местото на трагедијата.
„Тоа е трагедија. Ги известивме социјалните служби да ја посетат мајката на момчето во болница“, рече градоначалникот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата