Трамп и Зеленски разговараа откако американскиот претседател вчера попладне телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.
Во тој разговор Трамп и Путин се договорија да ги прекинат нападите врз украинската инфраструктура на 30 дена, но и покрај тоа Русија рано утринава изврши серија напади врз овие објекти.
„Само што завршив многу добар телефонски разговор со претседателот Зеленски од Украина. Повикот траеше околу еден час. Голем дел од дискусијата се засноваше на повикот што беше упатен вчера со претседателот Путин, за да се усогласат потребите и барањата на Русија и Украина. Сè се одвива според планот и ќе побарам од државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајкл Волц да дадат прецизен опис на точките за кои што стана збор.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата