Нивни воени извори тврдат дека воените планери задолжени за подготовка на владините сили издале инструкции до специјалните единици да се подготват за можна мобилизација во Украина.
Британскиот команден центар за воено планирање, Постојана здруженакоманда (PJHQ), минатата недела доби директиви да започне со распоредување персонал и ресурси.
Наредбите, кои се однесуваат и на резервните сили на специјалните единици, предвидуваат дека персоналот ќе биде во готовност за да обезбеди оперативност на воената опрема пред да добие официјално известување за мобилизација за Украина, пишува порталот.м.
Одлуката за ставање на клучните единици во готовност е донесена пред состанокот на военото раководство на групата земји кои го поддржуваат договорот за прекин на огнот со Русија. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата