logo
logo
logo

Шолц го нарече „прв чекор“ примирјето, Макрон бара Украинците да бидат на преговарачка маса

Vecer | 18.03.2025

Шолц го нарече „прв чекор“ примирјето, Макрон бара Украинците да бидат на преговарачка маса

Американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин денеска за време на телефонскиот разговор се согласија да бараат ограничен прекин на огнот во Украина што ќе ги опфаќа енергетските капацитети и инфраструктурата, се вели во соопштението на Белата куќа.

-Следниот чекор треба да биде целосен прекин на огнот за Украина што е можно поскоро. Се разбира, јасно е дека и двајцата се согласуваме за тоа, рече Шолц на заедничката прес-конференција во Берлин со францускиот претседател Емануел Макрон.

Шолц го повтори ставот дека одлуките не треба да се носат без учество на Украина.

Макрон исто така рече, дека Украинците „мора да бидат на маса“ за преговори.

-Целта мора да остане иста, да се има мерлив и проверлив прекин на огнот, целосно почитувајќи цврст и траен мир и придружните гаранции, рече Макрон. „Очигледно е дека е неприфатливо Украинците да не бидат на маса“, инсистираше тој.

Шолц и Макрон најавија дека „Украина може да смета на постојана воена помош од Европа“.

-И двајцата сме на мислење дека Украина може да смета на нас, дека Украина може да смета на Европа и дека нема да ја изневериме, изјавија тие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk