logo
logo
logo

Орбан до организаторите на Парадата на гордоста: Подобро да не се обидувате да ја организирате

Vecer | 17.03.2025

Орбан до организаторите на Парадата на гордоста: Подобро да не се обидувате да ја организирате

Унгарската владејачка партија денеска поднесе предлог-закон до Парламентот со кој се забранува Парадата на гордоста на ЛГБТ заедницата и се наметнуваат парични казни за организаторите и тие кои ќе присуствуваат на настанот, кој се одржува во Будимпешта веќе три децении.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикуваше ЛГБТ заедницата и вети дека ќе го запре странското финансирање на независни медиуми, опозициски политичари и невладини организации во Унгарија, засилувајќи ја својата кампања пред изборите на почетокот на следната година.

Орбан, националист кој се соочува со невиден предизвик поради зајакнувањето на опозициската партија, ги засили своите напади врз медиумите и ЛГБТ заедницата по инаугурацијата на неговиот сојузник, американскиот претседател Доналд Трамп.

Според предлог-законот поднесен од неговата партија Фидес, Парадата на гордоста ќе биде забранета, бидејќи може да биде штетна за децата. „Со предложениот предлог-закон се менува законот со кој се уредува правото на собирање така што се забранува одржување собир со кој се крши забраната пропишана со Законот за заштита на децата“, се наведува во предлогот.

Исто така, се наведува дека полицијата може да користи камери за препознавање лица за да ги идентификува луѓето кои присуствуваат на настанот на кој учесниците маршираат по авенијата Андраши во центарот на Будимпешта.

Орбан и порача на ЛГБТ заедницата да не се ни обидува да ја организира Парадата на гордоста. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk