- Повеќе европски и неевропски држави изразија подготвеност да учествуваат во евентуалното испраќање миротворци, истакна Макрон, додавајќи оти војниците би можеле да бидат испратени на стратешки точки во Украина за да вршат обука и да покажат долгорочна поддршка за Киев.
Москва се спротивставува на распоредувањето на мировници во Украина, но според Макрон – Русија нема право да одлучува за тоа.
- Ако Украина побара присутност на сојузничките сили на своја територија, Русија нема право да одлучува дали ќе ги прифати или одбие, посочи Макрон.
Воени претставници на поголем број држави на 20 март во Лондон ќе разговараат за формирање на оперативни мировни сили.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата