logo
logo
logo

Киев потврди дека украинските војници се повлекуваат од Суџа

Vecer | 15.03.2025

Киев потврди дека украинските војници се повлекуваат од Суџа

Споредба на графиконот, објавен со денешниот извештај, со тој објавен претходниот ден покажува дека украинските војници се повлекуваат кон украинската граница.

Во извештајот само се наведува дека вчера имало 20 судири во регионот Курск, за кое време  Русија извршила 19 воздушни напади, фрлила 28 бомби и истрелала 232 артилериски гранати.

Информациите дадени од завојуваните страни не можат да бидат проверени од независен извор, забележува ДПА.

Руското Министерство за одбрана пред два дена објави дека руските сили го повратиле градот што беше окупиран од украинските војници повеќе од седум месеци откако Украина во август ја префрли војната од своја на руска територија, во ненадејната офанзива по која  окупираше делови од Курскиот регион.

Суџа се смета за најважното освојување на Украина во Русија.

Украина, поддржана од Западот, цели три години се брани од непредизвиканата целосна руска инвазија, потсетува ДПА./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk