logo
logo
logo

Југот на Шпанија повторно на удар на силно невреме, евакуирани се стотици куќи (ВИДЕО)

Vecer | 18.03.2025

Југот на Шпанија повторно на удар на силно невреме, евакуирани се стотици куќи (ВИДЕО)

Тешкото невреме ги принуди властите да евакуираат повеќе од 350 домови, да затворат патишта и да ја откажат наставата, соопштија властите.

Најкритична е ситуацијата во селото Кампаниљас во близина на Малага, каде што реката се излеа од коритото, предизвикувајќи 365 домови да се евакуираат, пренесе АП.

Според министерот за внатрешни работи на Андалузија, Антонио Санц, 19 реки во покраината се под црвен метеоролошки аларм, а бурата се проширила од брегот на Малага во внатрешноста, вклучувајќи ги Севиља и Кордоба. Поради зголемување на нивото на водата затворени се 40 патишта и некои железнички линии.

Областа веќе беше погодена од поплави во ноември, кога 233 лица загинаа во источна Шпанија, особено во Валенсија.

По сушата, јужниот дел на земјата беше погоден од обилни врнежи во последните две недели, што предизвика излевање на реките. Научниците и официјалните лица предупредуваат дека екстремните поместувања во сушните и дождливите периоди се резултат на климатските промени, кои исто така доведоа до сè пожешки лета во Шпанија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk