logo
logo
logo

Иранска дипломатија: Содржината на писмото на Трамп е слична со неговите изјави

Vecer | 17.03.2025

Иранска дипломатија: Содржината на писмото на Трамп е слична со неговите изјави

Трамп, кој ги повлече САД од меѓународниот договор со Иран за време на неговиот прв мандат во 2018 година, сега вели дека е отворен за дијалог со Техеран за нуклеарната програма на земјата. Американскиот претседател рече дека испратил писмо до иранските власти за решавање на тоа прашање.

Сепак, Трамп, исто така, ја засили својата политика за „максимален притисок“ против Иран, со дополнителни санкции и закана за воена акција доколку одбие разговори.

„Содржината на писмото не е далеку од јавните изјави на Трамп и ги користи истите лингвистички изрази“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи на неделната прес-конференција.

Тој додаде дека иранските власти засега немаат намера да ја обелоденат содржината на писмото, наведувајќи дека Иран размислува како да одговори.

Техеран минатата недела соопшти дека го добил писмото преку високиот дипломат од Обединетите Арапски Емирати, Анвар Гаргаш.

Иран и САД немаат дипломатски односи од 1980 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk