logo
logo
logo

Германско МНР: Путин спроведува тактика за одложување на преговорите во Украина

Vecer | 15.03.2025

Германско МНР: Путин спроведува тактика за одложување на преговорите во Украина

Министерството за надворешни работи на Германија изразува скептицизам во однос на изјавите на рускиот претседател, Владимир Путин, во врска со прекинот на огнот во Украина и смета дека тоа е, во најдобар случај, одложување на преговорите, пишува Дојче веле.

По воздржаната реакција на Русија на предлогот на САД за прекин на огнот во Украина, германската Ввлада го обвини Путин за одложување на преговарачкиот процес.

 „Во најдобар случај, можеме да зборуваме за тактика на одложување во врска со прекинот на огнот, доколку има такви услови и резерви“, изјави вчера портпаролката на германското Министерство за надворешни работи.

 Таа изјави дека мора да се постави прашањето дали има сериозен интерес да се работи на траен прекин на огнот и решение.

 Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно изјави дека Путин намерно не влегува во мировни преговори.

 „Путин намерно ја држи отворена вратата за мировни преговори, но тој сè уште не е подготвен да помине низ тоа“, рече таа. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk