logo
logo
logo

Интер со победа се зацврсти на врвот во Серија А

Vecer | 16.03.2025

Интер со победа се зацврсти на врвот во Серија А

Фудбалерите на Интер ја совладаа екипата на Аталанта со 0:2 во вечерашиот дерби натпревар од италијанската Серија А.

Двата погодоци на натпреварот беа постигнати во второто полувреме откако Карлос Аугусто погоди за 0:1 во 54-тата минута, а конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез во 87-та минута. Вреди и да се напомене дека во 81-та минута фудбалерот на Аталанта, Едерсон доби црвен картон за неспортско однесување. Bo 95-тата минута Бастони исто така доби црвен картон и мораше предвреме да го заврши натпреварот.

Со оваа победа Интер го искористи киксот на Наполи и се зацврсти на првото место со 64 бода, додека пак „божицата“ од Бергамо се наоѓа на 3-тото место со 58 бода.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk