Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Македонија. Тој на прес-конференцијата предложи двете селекции да одиграат пријателски натптевар од хуманитарен карактер.
„Незаборавно трагичен настан во Македонија. Би сакал да изразам сочувство до луѓето и семејствата на жртвите. Ќе предложам ФСС да го контактира Фудбалскиот сојуз на Македонија за евентуално да одиграме натпревар со нив во блиска иднина. Секако, сето ова би имало хуманитарен карактер. По трагедиите што ги доживеавме, ова е уште една“, рече Стојковиќ на прес-конференцијата во Стара Пазова во пресрет на натпреварите со Австрија во баражот за останување во А дивизијата од Лигата на нации.
Најмалку 59 лица загинаа, а најмалку 155 се повредени во пожар што ноќта меѓу саботата и неделата избувна во дискотека во Кочани.