logo
logo
logo

Во пожарот во Кочани загина тапанарот на ДНК Ѓорги Ѓоргиев

Vecer | 16.03.2025

Во пожарот во Кочани загина тапанарот на ДНК Ѓорги Ѓоргиев

 Веста се прошири на социјалните мрежи, а ја потврдија брат му Димитар и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

- Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Ѓорги Ѓоргиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции. Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца, напиша Костадинов на неговиот фекјсбук профил.

Инаку, како што претходно објави МИА, Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен, изјави утрово за МИА Васко Спасоски од тимот на бендот.

На општинската и зградата на ТППЕ Струмица се истакнати црни знамиња во знак на жалост со загинатите во пожарот во Кочани.

Пред малку Костадинов објави дека од 14:30 часот на Градскиот плоштад во Струмица граѓаните заедно ќе може ја споделуваат болката и тагата за загинатиот Горгиев и сите млади луѓе кои ги загубија животите во дискотеката во Кочани. Утре, пак, од 8 часот во просториите на општинската зграда ќе биде отворена книга на жалост. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk