logo
logo
logo

Грајмс бара нејзиниот поранешен партнер Илон Маск да не објавува слики од нивните деца

Vecer | 17.03.2025

Грајмс бара нејзиниот поранешен партнер Илон Маск да не објавува слики од нивните деца

 Американската музичарка Грајмс изјави дека го молела нејзиниот поранешен партнер Илон Маск да престане да објавува фотографии од нивните деца на социјалните мрежи. Посебно ѝ пречел фактот што тој минатиот месец во Белата куќа со себе го однесе нивниот син X Æ A-XII (Екс Еш Еј-12).

„Ја молев јавноста и таткото на моите деца да не ги објавуваат (сликите) на социјалните мрежи. Побарав и правна помош. Видов како интернетот уништува млади луѓе. Многу сум загрижена што животот на моите деца е достапен за јавноста. Секој ден размислувам како да го решам ова", напиша таа на „Икс“.

Таа смета дека е „лудо“ што нема начин да се справи со овој проблем.

„Се надевав дека ќе има некој закон што ќе му овозможи на родителот да стави вето на објавувањето мали деца, но сега не верувам дека дури ни законот не ќе ми помогне ако се повикам на него, да бидам искрена“, додаде таа.

Покрај Екс Еш Еј-12, Грајмс и Маск имаат уште две деца: ќерката Екса Дарк Сидерел и синот Техно Механикус. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk