logo
logo
logo

Поплави и прекини на транспортот во Шпанија донесе невремето „Лоренс“

Vecer | 17.03.2025

Поплави и прекини на транспортот во Шпанија донесе невремето „Лоренс“

Во регионот на Андалузија, реките се излеаја од коритата и областите беа поплавени, а патиштата и железничките линии беа отсечени.

Според шпанската метеоролошка агенција, невремето и утре ќе продолжи да предизвикува обилни дождови низ цела Шпанија, но најтешко ќе бидат погодени централните, јужните и источните делови на Пиринејскиот Полуостров.

Утре покрај обилните врнежи ќе има и силен ветер и морска бура на Канарските острови.

Во Сиера Невада, во близина на Гранада, исто така ќе има обилни снежни врнежи, а тамошните власти издадоа предупредување за лавина.

Шпанија доживеа долги периоди на суша од 2021 до 2024 година, но во последните неколку недели земјата имаше неколку периоди на обилни врнежи.

На крајот на минатата недела, друга популарна туристичка дестинација во Европа - Италија, доживеа сличен период на лошо време. Таму, реките се излеаа од коритата во регионите на Тоскана и Емилија-Ромања. Реката Арно достигна застрашувачки нивоа во Пиза и Фиренца пред да падне нивото на водата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk