logo
logo
logo

За oпасно возење во Велика Британија можен и доживотен затвор

Vecer | 17.03.2025

За oпасно возење во Велика Британија можен и доживотен затвор

Максималната казна за предизвикување смрт со брзо возење, тркање или користење на мобилен телефон ќе биде зголемена од 14 години затвор на доживотен затвор, со што тој престап се поистоветува со убиство, пренесува британски „Индипендент“.

За одвоен престап, кој доведува до смртен исход поради возење под дејство на алкохол или дрога, казната се зголемува од 14 години на доживотен затвор.

Владата исто така ќе воспостави казна за прекршок - предизвикување повреда на друго лице со несовесно возење, додека допрва треба да одлучи за максималната казна, забележува лондонскиот весник. Новите мерки се воведуваат во Велика Британија по владините консултации за казните во врска со смртните случаи и сериозните повреди поврзани со возењето. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk