logo
logo
logo

Рекордно високи температури викендот во повеќе делови на Турција, од задутре снег

Vecer | 17.03.2025

Рекордно високи температури викендот во повеќе делови на Турција, од задутре снег

Рекордно високи температури се измерени вчера во многу делови на Турција. Во вкупно 49 окрузи температурата изнесуваше над 25 степени Целзиусови, соопшти турската Метеоролошка агенција.

Во исто време, температурите од денеска почнуваат да се намалуваат, а задутре се враќа зимата во земјата и се очекуваат снежни врнежи и температури под нулата во повеќе делови од земјата.

Во текот на викендот во поголемиот дел од Турција беше лето. Највисока температура вчера е измерена во јужниот град Адана - 33,5 степени. 

Во главниот град Анкара во утринските часови беше многу топло за сезоната, а во текот на денот температурите достигнаа 27-28 степени.

Според податоците на веб-страницата на Генералната дирекција за метеорологија, температурите низ земјата вчера биле за 10 до 18 степени над сезонските норми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk