logo
logo
logo

Вучиќ: Ќе примиме 29 повредени Македонци (ВИДЕО)

Vecer | 17.03.2025

Вучиќ: Ќе примиме 29 повредени Македонци (ВИДЕО)

Претседателот Александар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотека во Македонија, кои се сместени во Универзитетскиот клинички центар на Србија, изјави дека 29 повредени лица ќе бидат згрижени во српските здравствени установи и истакна дека имаат најдобри услови во Европа, објавија српските медиуми.

„Имав можност да ги посетам луѓето кои беа повредени во страшната трагедија во Кочани, Македонија. Девет од нив лежат овде во Клиничкиот центар. Прво посетив двајца, а потоа заедно посетивме седуммикна. Последното лице што го посетивме е во животна опасност, а другите не се. Степенот на изгореници е четири проценти“, рече тој.

Тој рече дека кај неколку пациенти најголем проблем е респираторниот систем.

„Невозможно е да се најдат подобри услуги во Европа. Никаде во Европа нема интензивна нега со подобри услови од овде во Белград. А кај нас ќе дојдат уште 12 пациенти, ги имаме на ВМА, ги имаме во Клиничкиот центар во Ниш. Ќе дојдат уште 12 пациенти и како што сега стојат работите, вкупно 29 пациенти ќе бидат во Србија“, рече Вучиќ.

Тој порача дека Србија секогаш ќе стои покрај братскиот македонски народ.

„И мислам дека за нас се подразбира, бидејќи трагедијата во Кочани е како трагедија каде било во нашата земја. Уште еднаш, изразувам сочувство до братскиот македонски народ, до сите граѓани на Македонија. Верувам дека ќе можеме да им помогнеме на мнозинството од овие луѓе кои дојдоа со ужасно тешки повреди, а вие ги видовте само најсилните од нив кои можат да комуницираат“, рече тој.

Како што рече, сето тоа подоцна може да се среди со пластична хирургија, доколку нивните витални органи се во добра состојба.

„Само нека помине овој прв бран и тогаш сè ќе биде во ред. Ние им стоиме на располагање на нашите пријатели и браќа Македонци и сме подготвени да примиме повеќе луѓе, имаме уште доволно простор на интензивна нега и тоа не само овде туку и на ВМА и во сите наши болници кои, како што можете да видите, се одлично опремени“, нагласи Вучиќ.

Тој рече дека трагедијата што ја снајде Македонија е огромна.

На македонскиот народ нема да му биде лесно, ние ќе бидеме покрај него како што тие секогаш стоеле покрај нас“, рече Вучиќ, пренесе Танјуг.

Заедно со Вучиќ се и министерот за здравство Златибор Лоначар, како и директорката на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Јелена Друловиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk