Српскиот премиер во оставка Милош Вучевиќ денеска изјави дека 14 државјани на Македонија повредени во вчерашната несреќа во Кочани се на лекување во Србија, јави МИА од Белград.
Вучевиќ додаде дека имал средба со вицепремиерот на Македонија, Иван Стоиљковиќ кој му се заблагодарил на српскиот претседател Александар Вучиќ и на српскиот народ за помошта и грижата што Србија ја дели со Македонија.
„Уште еднаш, во името на Владата на Србија, на сите граѓани на Република Србија, сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на младите кои загинаа во катастрофата во Македонија, сочувство до сите граѓани на Македонија, македонскиот народ и владата на Македонија. Штотуку ја завршив средбата со вицепремиерот на Македонија, Иван Столиковиќ, кој ме информираше за најновата ситуација, односно она што досега им е познато на македонските власти. Иван, во името на македонската влада, граѓаните на Македонија, му се заблагодари на претседателот на државата Србија, на нашиот народ, Владата на Србија, за помошта и грижата и сочувството што Србија искрено ги споделува со македонскиот народ“, рече Вучевиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата