logo
logo
logo

Во Белград се одржа масовен протест „на 15-ти за 15-те“, според МВР имало 107.000 луѓе

Vecer | 15.03.2025

Во Белград се одржа масовен протест „на 15-ти за 15-те“, според МВР имало 107.000 луѓе

Централниот настан се одржа на плоштадот Славија, каде студентите им се обратија на граѓаните, ги читаа нивните барања и ги пееја песните кои станаа симбол на протестите. српското мвр официјално соопшти дека според проценките на полицијата на сите локации во белград бројот на учесници бил околу 107.000.

Првично беше најавено дека митингот ќе се одржи на платото пред собранието на Србија, каде се собраа голем број граѓани, но потоа студентските редари ги повикаа граѓаните да се упатат кон Славија, за да се избегнат евентуални провокации и инциденти со групата луѓе кои кампуваат во пионерскиот парк. Вечерва имаше информации за инциденти таму, но студентите соопштија дека официјално нивниот протест е завршен и се оградија од евентуални провокатори.

Точно во 19 часот на плоштадот Славија и околните улици започна петнаесетминутниот молк, за симболично да оддат почит на 15-те жртви во Нови Сад на 1 ноември. За време на молкот, граѓаните ги држеа вклучени светлата на мобилните телефони, а го завршија, со како што ја нарекоа, најголемата врева во Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk