logo
logo
logo

Судот на БиХ издаде централна потерница по Додик, Стевандиќ и Вишковиќ

Vecer | 17.03.2025

Судот на БиХ издаде централна потерница по Додик, Стевандиќ и Вишковиќ

 Судот на Босна и Херцеговина денеска издаде централна потерница по претседателот на Република Српска, Милорад Додик, претседателот на Националното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ.

Издавањето на централната потерница го направи Граничната полиција на БиХ по налог на Судот, откако Додик, Стевенадиќ и Вишковиќ не се јавија на поканата за сослушување на Обвинителството на Босна и Херцеговина, кое ги сомничи за „напад на уставниот поредок на БиХ“птарди што Судот автоматски им одреди притвор.

По распишувањето на централната потерница, сите полициски агенции во БиХ се известени за тоа и, според законот, имаат обврска да ги приведат Додик, Вишковиќ и Стевандиќ.

Одредени сараевски медиуми најавија дека Обвинителството на БиХ, по распишувањето на централната потерница, во следните денови може по нив да распише и меѓународни потерници, за што ќе биде информиран Интерпол, што значи дека треба да бидат уапсени во која било странска земја каде што ќе се појават.

Претседателот на РС Милорад Додик минатата недела најави дека на 18 март ќе отпатува за Москва, а претседателот на Народното собрание, како што самиот објави на социјалните мрежи, од минатиот петок е во Белград, додека премиерот на РС, според последните информации, е во РС.

Стевандиќ пред два дена на социјалната мрежа Икс објави дека во петок, на 21 март, ќе одржи прес-конференција во Народното собрание во Бања Лука, на која изјави дека потоа ќе одговори на „сите можни прашања“.

„Ги молам љубопитните да дојдат и да не спинуваат невистини и дилеми“, напиша Стевандиќ во објавата под која го објави текстот под еден портал што имаше наслов „Стевандиќ во Белград, дали си купи билет во еден правец“.

Додик, Стевандиќ и Вишковиќ се обвинети за сторено кривично дело „напад врз уставниот поредок“, бидејќи предложиле донесување закон во РСФСР со кој се забранува работата на правосудните и полициските државни органи на територијата на РС.

Уставниот суд на Босна и Херцеговина ги поништи овие закони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk