logo
logo
logo

Од Србија кон Скопје лета авион за префрлање повредени во пожарот во Кочани

Vecer | 17.03.2025

Од Србија кон Скопје лета авион за префрлање повредени во пожарот во Кочани

 Заради медицинска евакуација, за Македонија полета уште еден авион на вооружените сили на Србија со четворица лекари и четворица медицински техничари, јави МИА од Белград. 

Планирано е со авионот да се пренесат 12 пациенти, соопшти српското Министерство за одбрана.

Покрај авионот, рано денеска во Македонија беше испратено и амбулантно возило со медицински тим од Воената болница во Ниш за да превезе пациенти кои ќе бидат хоспитализирани таму.

Синоќа со авион на вооружените сили на Србија беа пренесени во Белград 12 пациенти на кои им беше укажана помош во ВМА и Клиничкиот центар на Србија.

 Шест лица од ВМА останаа во Македонија - двајца хирурзи, анестезиолог, анестезиолог и двајца медицински техничари - инструментари, наведе МО на Србија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk