Децата, на возраст од една до шест години, биле пронајдени вчера, а медиумите објавија дека две од нив имале хрватски пасоши.
Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска не ги потврди шпекулациите за идентитетот и националноста на пронајдените деца, но изјави дека најверојатно сите се од ромска националност.
Веднаш по пронаоѓањето децата биле згрижени од локалниот Центар за социјална работа, а по лекарски преглед децата се сместени на безбедна локација.
„Обвинителот донесе наредба за приведување на две лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело трговија со луѓе. По кривичната постапка истите ќе бидат предадени на обвинителот кој ќе одлучи за натамошната постапка“, се наведува во соопштението на обвинителството.
Порталот „Дневни аваз“ наведува дека се уапсени Белсада Билиќ, сопственичка на куќата во која се пронајдени децата, како и нејзиниот син Енвер Билиќ.
Во февруари, сличен случај беше откриен и во Брчко, каде во една куќа престојуваа повеќе од 30 деца, исто така без родителска грижа, а шест од нив поседуваа лични документи.
Тогаш полицијата приведе осум лица осомничени за трговија со луѓе, а истрагата за случајот се уште е во тек.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата