logo
logo
logo

Какламанис: Грција на повредените ќе им пружи најдобра можна помош

Vecer | 17.03.2025

Какламанис: Грција на повредените ќе им пружи најдобра можна помош

Лично ве уверувам дека на повредените кои се лекуваат во Грција ќе им пружиме најдобра можна помош, пишува претседателот на грчкиот Парламент Никитас Какламанис во писмото испратено до претседателот на Собранието Африм Гаши, во кое изразува искрена тага, сочувство и поддршка до народот на нашата земја за трагедијата во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина.

Какламанис пишува дека со сочувство ја следи и трагедијата и тешките времиња низ кои поминува земјата и во име на членовите на грчкиот Парламент и од него лично изразува сочувство и искрена тага за пожарот.

- Ја споделуваме огромната тага на семејствата на жртвите и се солидаризираме со погодените од оваа огромна катастрофа. Го пренесуваме нашето најискрено сочувство, како и нашите желби за брзо закрепнување и заздравување. Стоиме покрај вас и лично ве уверувам дека ќе им пружиме најдобра можна помош на повредените кои се лекуваат во Грција, пишува Какламанис во писмото до Гаши.

Во две болници во Солун, како што претходно објави МИА, хоспитализирани се вкупно пет поврдени со изгореници. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk